ГЕРМАНИЈА НА КОЛЕНА – Рестораните и кафулињата го намалуваат работното време: “Немаме друг избор, ова е голема криза…“

Многу ресторани и кафулиња во Германија го скратуваат работното време или ги затвораат вратите, а причината е едноставна: недостаток на работна сила, пишува весникот Deutsche Welle. Стручните здруженија проценуваат дека на угостителите и хотелиерите им недостигаат повеќе од 65.000 работници!

Недостигот на работна сила е на врвот на причината за загриженост кај хотелиерите и рестораните“, соопшти Здружението на германски хотелиери и ресторани (Дехога). Во моментов има 33.160 работни места во угостителството и хотелиерството во Канцелариите за вработување низ Германија, но, Дехога тргнува од двојно поголема бројка.

Многу ресторани и хотели веќе не ни пријавуваат до агенциите за вработување дека им требаат работници бидејќи не ни очекуваат Канцеларијата да им испрати некого“, вели Сандра Варден, која е задолжена за следење на трендовите на пазарот на труд во Дехога.

Својата оценка за недостигот од работници Сандра Варден ја базира на искуствата од изминатите години.

Во 2019 година имаше недостиг од околу 40.000 работници во угостителството и хотелиерството. Но, за време на пандемијата со вирусот Ковид-19, ситуацијата стана уште полоша“, вели Сандра Варден.

слика
илустрација

За време на пандемијата и затворањето на угостителските објекти, многу работници во оваа филијала најдоа вработување во друг, обично подобро платен сектор. Побарувачката за работници е драстично зголемена, особено сега среде летната сезона, пишува горе споменатиот весник.

Огромното мнозинство Германци летуваат во својата татковина, но оваа година често наидуваат на затворени врати на угостителските објекти во местата каде што летуваат, пишува Deutsche Welle.

Многу ресторани и кафулиња прибегнуваат кон различни мерки: скратување на работното време, или пауза неколку дена во текот на неделата. Се случува и поради недостаток на персонал во кујната драстично да го скратат менито“, вели Сандра Ворден. Во некои објекти се воведува систем за самопослужување бидејќи едноставно недостигаат келнери.

Дехога има најголема надеж во прифатениот реформиран закон за имиграција, кој ќе овозможи полесна имиграција од земјите надвор од Европската унија за работниците без високо образование, но и полесен пристап до пазарот на труд за бегалците. Во Дехога сметаат дека е потребно да се работи на подобрување на имиџот за вработување во оваа гранка.

Не се споменува зголемување на платите, кои се релативно ниски во угостителството и хотелиерството. Според податоците на он-лајн порталот за вработување Stepstone, квалификуван готвач може да смета на месечна бруто плата од околу 2.600 евра.