ХОРОР ВО ИТАЛИЈА – Крвава семејна драма: Си го убил братот, а потоа сам си пресудил, таткото нашол застрашувачка сцена кога се вратил дома

Според првите полициски наоди, во италијанскиот град Верона се случило убиство и самоубиство, објавија тамошните медиуми.

Италјанските медиуми пренесуваат дека синоќа во стан во квартот Сан Масимо се слушнале три истрели, по што еден сосед повикал полиција.

Медиумите наведуваат дека полицијата верува дека Патрисио Балтиери (28 г.) се скарал со четири години помладиот брат Едоардо, а потоа со легално набавен пиштол пукал во него, а потоа и во себе.

Нивните тела, во две посебни соби, ги пронашол таткото кој се вратил дома набргу по пукањето.

Се вели дека оваа трагедија е последица на претходна што ја доживеала семејството Балтиери, бидејќи пред пет години постариот брат Лео починал по болест.

Полицијата ги испрашала шокираните соседи кои ги познавале младите, а се наведува дека можно е обвинителството да нареди обдукција на нивните тела.