ВИДЕО | Први снимки од големата несреќа во Грција – се урна мост во близина на градот Патра: Луѓето се засолниле од горештините, а врз нив паднала бетонската конструкција – има и мртви!

Најмалку две лица се мртви при уривање на дел од мост на автопат во западна Грција.

На социјалните мрежи се појавија видеа од инцидентот што се случи во близина на градот Патра.

Патра, Грција, мост, срушен мост
Грција

Соседните медиуми известуваат дека дел од мостот се урнал во близина на ромската населба во областа Харадр.

Локалните медиуми јавија дека група луѓе биле под мостот поради жештината, кога врз нив паднала бетонската конструкција.

Не е познато колку луѓе се затрупани под урнатините, а акцијата за спасување е во тек.

Грчките медиуми на своите веб-страници наведуваат дека едно лице загинало, а пет се тешко повредени, меѓу кои и еден кој во несвест бил пренесен во болница, додека спасувачите се обидуваат да стигнат до останатите затрупани.

Патра, Грција, мост, срушен мост
Грција

Локалната веб-страница Pelop.gr наведува дека во изминатите две години се работи на тој дел од мостот како дел од контролираното уништување на конструкцијата.

Се споменува и дека мостот имал проблеми со статиката.