Германија одби! Берлин нема да испрати војници на Косово и покрај тензичната ситуација на Косово

Германија нема да го зголеми контингентот на Бундесверот во рамките на КФОР и покрај тензичната ситуација на Косово, изјави портпаролот на германското Министерство за одбрана, Михаел Стемпфле, пренесува Клан Косова.

Одлуката, како што рече, е донесена во консултација со земјите партнери.

Во Косово моментално се стационирани околу 4.500 војници на мировните сили на КФОР, од кои 71 се припадници на Бундесверот, а според мандатот би можеле да бидат испратени и до 400 германски војници.

Претходно, Велика Британија и Романија најавија дека ќе испратат дополнителен број војници на Косово како дел од мисијата КФОР.