– Германија денес го предупреди Израел дека копнената офанзива врз Рафа ќе доведе до хуманитарна катастрофа, со уште повеќе жртви и страдања.
Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок рече дека хуманитарната ситуација во Газа од час во час станува сѐ подраматична, при што стотици илјади луѓе се соочуваат со криза од глад.
„Газа е на раб на колапс. Во Рафа, 1,3 милиони луѓе се држат во многу тесен простор, под најстрашни услови“, рече Баербок пред средбите со израелските власти во Тел Авив.
Таа нагласи дека иако Израел има право да се брани од Хамас, мора да го почитува меѓународното право и да преземе мерки за заштита на палестинските цивили во Рафа.
„Многу од нив ги следеа израелските наредби за евакуација и побегнаа од борбените зони во северниот дел на Газа – често само со своите деца во раце и облеката на грбот. Под овие услови израелската воена офанзива на Рафа целосно ќе ја влоши хуманитарната ситуација. Луѓето од Рафа не можат само едноставно да исчезнат во воздух. Ним им се потребни безбедни места и безбедни коридори“, рече Баербок.
Таа додаде дека за време на средбите во Израел ќе се разговара за хуманитарните криза во Газа и ослободување на заробениците.