ГЕРМАНИЈА ПРЕД РАДИКАЛЕН ПРЕСВРТ – Берлин прави потег што го означува крајот на една ера: “Стегнете ги безбедносните појаси бидејќи сите пари одат за ова!“

Трошоците за одбрана на Германија ќе достигнат рекордни нивоа следната година, пишува весникот Bloomberg

Министерот за одбрана на ГерманијаБорис Писториус, во 2024 година ќе има на располагање 51,8 милијарди евра односно 1,7 милијарди повеќе од оваа година. Ако на таа сума се додадат 19,2 милијарди евра од специјалниот фонд што беше формиран откако Русија ја нападна Украина на крајот на февруари 2022 година, Германија следната година ќе потроши 71 милијарда евра за одбрана.

Организацијата на Северно-Атлантскиот Договор (НАТО) бара од своите членки да издвојуваат најмалку два отсто од својот БДП за одбрана на годишно ниво, а Германија ќе ја исполни таа цел следната година.

Германскиот канцелар, Олаф Шолц и владејачката коалиција одлучија во буџетот за следната година приоритет да ја стават одбраната. Во исто време, на другите министерства им било кажано дека мора да го „стегнат ременот“ бидејќи во 2024 година нема да можат да земаат нови кредити. Уставната одредба која ги спречуваше министерствата да земаат нови заеми беше привремено суспендирана со цел да се санираат штетите предизвикани од пандемијата со вирусот Ковид-19 и енергетската криза.

Олаф Шолц

Германскиот министер за финансии Кристијан Линднер, лидер на Слободна демократска партија (ФДП), инсистираше споменатиот механизам да се примени повторно, што доведе до тензични односи меѓу ФДП и Социјалдемократската партија на Германија, предводена од германскиот канцелар Олаф Шолц. и зелените предводени од Рикардо Ланг и Омид Нурипур.

Кристијан Линднер вели дека неговата фискална одговорност ќе помогне да се ублажи влијанието на инфлацијата и да и помогне на Европската централна банка на крајот да го врати годишниот пораст на потрошувачките цени во еврозоната на посакуваните два проценти.

Германскиот буџет за 2024 година и финансискиот план за периодот од 2024 до 2027 година насловен „Враќање на фискалната нормалност“ предвидуваат дека износот на новите заеми што треба да се земат на федерално ниво ќе падне од 16,6 милијарди евра во 2024 година на 15 милијарди во 2027 година.

И покрај ова, Министерството за финансии на Германија соопшти дека германскиот буџет од 2025 до 2027 година ќе биде во дефицит од над 14 милијарди евра.

Веста за зголемувањето на трошоците за одбрана во Германија доаѓа пред членките на НАТО да презентираат малку поамбициозен план за трошоци на самитот следната недела во Вилнус, Литванија.

Се предвидува дека земјите-членки ќе се согласат да инвестираат најмалку два отсто од својот БДП во своите армии што е можно поскоро. Сепак, некои земји нема да можат да се доближат до таа цел уште некое време.

Кабинетот на Олаф Шолц ќе го финализира буџетот во среда, а потоа ќе го испрати до Бундестагот, каде парламентарците дополнително ќе го доработат.

Се очекува буџетот да биде финализиран од средината на декември и потоа да биде одобрен.