Германскиот канцелар бара личен готвач: Ова се условите и платата

Германскиот канцелар Олаф Шолц е во потрага по нов личен готвач за неговото владино седиште.

Потребните квалификации за нов готвач вклучуваат успешно завршена обука за „фина гастрономија“ и неколкугодишно искуство. Од кандидатот се очекува и солидно општо образование, интерес за политика и да биде доверлив, дискретен и одговорен.

Германските медиуми пишуваат дека готвачот мора да биде апсолутно доверлив и дека мора да биде подготвен да работи постојано во смени и прекувремена работа . Оваа позиција е ограничена до крајот на 2025 година.

Што се однесува до платата , идниот готвач на Олаф Солац може да очекува сума од 3.000 до 3.700 евра бруто месечно , со божиќен бонус (84 отсто од месечната плата), 220 евра министерски додаток, 40 евра додаток за смена и субвенција за работен билет.