Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави денеска дека за време на разговорите оваа недела ја предупредил Кина да не користи сила за да постигне територијални промени, особено во однос на Тајван.
Шолц оваа недела прими голема кинеска делегација предводена од премиерот Ли Кечијанг. Првата средба на високо ниво меѓу двете земји од крајот на пандемијата на коронавирус се одржа во услови на зголемени геополитички тензии меѓу Западот и Кина.
„Ние категорично ги отфрламе сите еднострани обиди за промена на статус квото во Источното и Јужното Кинеско Море со употреба на сила или со принуда. Тоа особено се однесува на Тајван. Освен тоа ние сме загрижени за состојбата на човековите права и владеењето на правото во Кина“, рече германскиот канцелар во Парламентот