– Германските власти приведоа 28-годишен сириски државјанин под сомнение дека планирал да изврши напад со експлозив мотивиран од екстремистички ставови.
Полицијата го уапси мажот денеска во Хамбург. Тој е осомничен дека се обидел на интернет да добие супстанца што ќе му овозможи да направи појас со експлозив „за да изврши напад врз цивили“, се вели во соопштението.
Според полицијата, мажот за своите постапки добил помош од неговиот 24-годишен брат кој живее во јужна Германија.
Според органите на редот, мажите, чии имиња се уште не се објавени, биле мотивирани од „радикални исламистички и џихадистички“ ставови.