Екстремно десничарската конзервативна група во Германија WerteUnion (Сојуз на вредности) денеска соопшти дека одлучила да формира нова политичка партија, што ќе придонесе за фрагментација на претходно стабилниот партиски спектар во земјата.
На затворен состанок во градот Ерфурт, членовите на групата со големо мнозинство му дадоа мандат на претседателот Ханс-Георг Маасен да иницира формирање на „конзервативно-либерална“ партија, се вели во соопштението на групата. Маасен е поранешен функционер за домашна безбедност, популарен меѓу антиимигрантските гласачи.
АфД ги зеде гласовите од традиционално популарните партии
Партијата брзо ќе се основа, за во септември да оди на избори во Тирингија, Саксонија и во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија. Со доаѓањето на нови партии, на германската политичка сцена и’ се заканува дополнителна фрагментација по основањето на Алтернатива за Германија (АфД) пред 11 години, која ги зеде гласовите од традиционално популарните партии како СПД и ЦДУ.
Сахра Вагенкнехт, поранешен лидер на партијата Левица, ја основа својата партија на почетокот на јануари. Членовите на WerteUnion учествуваа на неодамнешната конференција со десничарските екстремисти во Потсдам.