ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК – Бројот на заразени со вирусот Ковид-19 се зголемува, а заштитните маски повторно се враќаат !?
Во Германија, заштитните маски, кои се носеа за време на пандемијата со вирусот Ковид-19, наскоро би можеле повторно да станат задолжителни. Германските медиуми јавуваат дека членот на Зелените, Јанош Дамен, предлага повторно да се носат маски.
„Бројот на заразени со вирусот Ковид-19 повторно се зголемува и носењето маски повторно има смисла, особено во постудените месеци“, тврди Јанош Дамен.
Претседателот на германското лекарско здружение смета дека и маските и вакцините имаат смисла оваа есен.
„За да се заштитите од акутни респираторни заболувања, можеби ќе има смисла оваа есен да носите заштитна маска во старечки установи, клиники и други делови од здравствениот систем“, објаснува Јанош Дамен, пренесуваат германските медиуми.
Јанош Дамен додава дека во текот на оваа есен и зима здравствениот систем во Германија би можел повторно да биде оптоварен, а повозрасните ги советува да се вакцинираат.
И покрај зголемувањето на бројот на заболени од вирусот Ковид-19, овој број е сè уште низок, а германските медиуми пишуваат дека нема за што да се грижат граѓаните.
Германија е една од последните земји во Европа каде што беа укинати мерките што беа на сила за време на пандемијата.