Германците испраќаат војска: 4.000 војници ја напуштаат земјата

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус потврди дека Германија има намера да распореди 4.000-члена бригада на Бундесверот во Литванија на постојана основа.

„Очекуваме дека бригадата ќе биде формирана на крајот на 2024 година. Тоа е сериозен предизвик, не само за Литванија, туку и за нас. Тоа ќе биде прв случај Германија да распореди бригада на Бундесверот во странска земја на постојана Разговараме со нашите литвански пријатели за чекорите што ќе ги преземеме наскоро“, изјави Писториус за естонската државна телевизија ERR.

Сепак, распоредувањето на бригадата во Летонија бара соодветна инфраструктура, истакна германскиот министер.

„Ни требаат касарни, магацини, полигони за обука, како и цивилна инфраструктура за семејствата на војниците“, објасни тој.

Тој исто така додаде дека германските војници ќе одат во Литванија на доброволна основа.

Писториус најави дека германската влада го разгледува и прашањето за евентуално започнување со производство на муниција во Естонија.

„Ќе треба да утврдиме во која естонска област би можеле да ја прошириме соработката и индустриското производство, но тоа не е прашање на владата, туку на германската одбранбена индустрија, која е приватна, а не државна сопственост“, рече министерот.

Меѓутоа, во Литванија е и руската енклава Калининград, поради чија блокада литванските власти веќе се „на тенок мраз“ во односите со Русија. Станува збор за дел од територијата која порано се викала Кенинсберг и припаѓала на Германија, но во 1939 година Полска со поддршка на Велика Британија го блокирала т.н. Коридорот Данциг или Гдањск што водеше преку неговата територија до Кенинсберг.

Германија имаше право да го користи коридорот според Версајскиот договор и ја искористи блокадата како изговор за окупација на регионот Гдањск, што беше поттик за почеток на Втората светска војна.

Во 1945 година, Советскиот Сојуз ја анектира областа Кенинсберг, која оттогаш се нарекува Калининград, така што по распадот на СССР таа енклава ѝ припадна на Русија.

Според меѓудржавниот руско-литвански договор за патен сообраќај од 1993 година, Русија има право да го користи коридорот Сувалки, кој го снабдува населението на Калининград.