Гинеколог откри колку често треба да ја менуваме долната облека и сите ги шокира со одговорот: Објасни и како се пере правилото
Исклучително е важно да носите квалитетна долна облека, бидејќи ги штити интимните делови на телото од сите бактерии. Сепак, секогаш се поставува прашањето колку долго трае таа. Мислењето на експертите не е едногласно, но мнозинството смета дека не треба да се користи повеќе од една година.
Од друга страна, гинекологот Чавон Момон Нелсон има сосема спротивно мислење. Имено, оваа докторка истакнува дека не постои правило според кое долната облека треба да се фрла по тој период, туку дека мора да се води сметка за хигиената. Посебно истакнува дека е важен и начинот на перење, но дека многумина тоа го прават погрешно.
Во полемиката која започна на социјалните мрежи, имаше корисници кои рекоа дека не се сеќаваат кога последен пат купиле долна облека, а со години ја носат старата.
Еве дел од коментарите:
„Јас сум на факултет и имам гаќи од 7-мо одделение“, ,,Веќе пет години ги носам истите гаќички“.
„Имам постара долна облека од сите луѓе кои коментираат тука“. „Чекај, никој не ми го кажа ова. Ја чувам додека не се искине“. „Кој друг толку често менува долна облека?”
Шокантно е што огромен број корисници, кои оставаа коментари, изјавија дека не се сеќаваат кога последен пат купиле нови гаќички, а старите ги носат со години додека не се искинат. Некои рекоа дека и тие купуваат нови, но некои стари ги задржуваат затоа што се квалитетни и им се допаѓаат.
Експертите се согласуваат дека најважно е да ја исперете долната облека во топла вода за да ги отстраните сите бактерии од неа. Тие наведуваат дека старата облека не треба да се фрла, освен ако навистина не мора.
– Секое перење гаќи на температура пониска од 60 степени нема да ги убие бактериите – објасни докторот
Тој препорачува доколку поради некоја причина не можете да ја перете облеката на повисоки температури, тој предлага додавање антибактериски агенси во детергентите за перење кои убиваат до 99 проценти од бактериите.