Гир: Во Брисел се анализираат измените на Кривичниот законик

Амбасадорот на Европската Унија во РСМ, Дејвид Гир, одби да ги коментира измените на Кривичниот законик кои експресно беа направени во Собранието.

Тој накратко посочи дека ова прашање се анализира во Брисел, вклучително и користењето на европското знаменце за законските измени и дека наскоро ќе има одговори на овие прашања.

„Мислам дека ова во моментов го анализираат нашите колеги во Брисел и сигурен сум дека многу брзо ќе има одговор на ова прашање“, рече Гир.

На прашањето за употребата на европското знаме во Собранието на РСМ, тој рече дека и за ова ќе има одговор.

„За двете прашања сигурен сум дека наскоро ќе има одговори “, рече Гир.