ЕУ јасно ја истакна својата посветеност на евроинтеграцијата на Северна Македонија и регионот на Западен Балкан. Пристапувањето во ЕУ зависи од спроведувањето на реформите, истакна евроамбасадорот Дејвид Гир на новинарско прашање по потпишувањето на Меморандумот за разбирање за поддршката од девет милиони евра од Европскиот мировен фонд за потребите на Армијата на земјава.
-Нема да шпекулирам за резултат на изборите, но ќе кажам дека ЕУ јасно кажа минатиот декември кога донесе историска одлука за отворање на преговорите со Украина и Молдавија, но исто така ја истакна и својата посветеност на Западен Балкан. Доколку ги правите реформите, доколку го следите патот кој што го имаме заедно договорено ќе се приклучите во ЕУ. Тоа ќе биде еден предизвик од страна на ЕУ ние да ги исполниме обврските кои што ги дадовме и доколку се разбира се исполнети обврските од ваша страна, подвелече амбасадорот Гир прашан дали проширувањето со Западен Балкан и Северна Македонија е се подалеку од ЕУ во услови кога уставните измени се чинат како невозможна мисија, а во ЕУ во пресрет на изборите за Европскиот парламент европската десница се повеќе зема замав.