Гир: Просечниот приход на Северна Македонија е само 41,5 отсто од тој на ЕУ, продуктивноста на работниците 16 проценти
– Идејата за планот од четири столба на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен се состои во тоа земјите од регионот да може да почне да ги чувствува придобивките од членството дури и пред да станат дел од Унијата, вели евроамбасадорот Дејвид Гир во интервју за МИА.
-Тука не се работи за „Европа со две или три брзини“, туку идејата е дека ќе станете полноправна членка на ЕУ само доколку го исполнувате тој процес, а тоа би можело да биде она што ние го нарекуваме забрзана интеграција која носи разни придобивки. На пример, во вашата земја просечниот приход изнесува само 41.5 проценти од тој на 27-те земји членки, а продуктивноста на работниците изнесува околу 16 проценти од просекот на ЕУ. Јасно е дека таму треба да постои некој стимуланс. Идеите на претседателката Ввон дер Лајен кои сè уште се развиваат и дискутираат се со цел да се види дали има области каде би можеле да се предвидат ваков вид на конвергенции, особено во однос на единствениот пазар, истакнува Гир.
Гир посочува дека за просечниот граѓанин на ЕУ самото членство на единствениот пазар од 450 милиони луѓе изнесува 840 евра годишно. Има и број други придобивки.
-Значи, она што овде го кажуваат владите и партнерите е дека сакаат да станат дел од тоа, но она што претставува проблем е тоа што процесот е прилично долг и тоа што не ги согледуваат придобивките однапред. Можете да расправате дека како што се приближувате до ЕУ имате директни странски инвестиции, но Комисијата е свесна за тоа и додава дека ако тие земји сакаат да станат дел од ЕУ нивната економија треба значително да се подобри за тие да можат да се натпреваруваат со другите во такво окружување, вели Гир.