Гитарата на Курт Кобејн е продадена на аукција за речиси 1,5 милиони евра

Гитарата на пејачот на „Нирвана“, Курт Кобејн, во петокот е продадена на аукција во Америка за 1,5 милиони евра.

Сината електрична гитара Skystang I Fender Mustang на која Кобејн свиреше на неговата последна турнеја беше продадена за нешто повеќе од 1,58 милиони долари (1,45 милиони евра) на аукција во Нешвил.

Исто така, искинатите фармерки кои Кобејн ги носеше во спотот за песната „Heart-Shaped Box“ и на доделувањето на MTV Video Music Awards чинат повеќе од 400 илјади евра.

Панталоните биле проценети од 10.000 до 20.000 евра.

Овие беа дел од тридневната аукција „Играни, носени и искинати: иконски рокенрол гитари и сувенири“ на која беа претставени повеќе од илјада предмети.

Тие вклучуваат и други музички имиња како што се: Ерик Клептон, Елвис Присли, Принс, Битлси и Френк Запа.