Ги воспитувам децата поразлично од мајка ми! Џенифер Лопез откри како се справува со родителство: Сега е сè поразлично
Пред Денот на мајката, актерката и пејачка Џенифер Лопез гостуваше во една емисија, каде зборуваше за своето родителство.
Едно од прашањата беше дали нејзиниот стил на родителство е различен од оној на нејзината мајка:
– Да, различен е. Јас сум малку поблага со моите деца. Мислам дека долго време мајка ми беше само дома и се грижеше за нас, а јас отсекогаш сум била која ги извршуваше домашните работи, тука е големата разлика, но не се чувствувам како да сме ист тип на мајка. Таа на 26-годишна возраст имала три деца о на некој начин таа била уште млада и поинаку нè воапитуваше. Моето дете јас го добив на 38 години. Бев повозрасна и зрела жена – изјави Џенифер.
Водителот тогаш дошол до заклучок дека воспитувањето деца во 70-тите е поинаку од денес, со што Лопез целосно се согласила:
– Да, 100 проценти. Мислам дека тогаш бевме повеќе дисциплинирани и одговорни – изјавила пејачката.