„ГИ НАЈДОВ МАЈКА МИ И МОЈОТ МАЖ ВО СПАЛНАТА СОБА“ Сопругот ја изневерувал со родената мајка 22 години, таа ги фатила на дело, но тоа не е се!


На „Редит“, трудницата емотивно зборуваше за ситуацијата со која моментално се соочува, обвинувајќи ја нејзината мајка дека „ и го уништила животот“ со разоткривање на 22-годишна афера.

Таа детално ја опиша ситуацијата и напиша:

„Моите родители, тато (63) и мама (60) се во брак 43 години. Имам шест браќа и сестри. Со сопругот (39) сум од 15 години. Забременив на 17 и ние се преселивме кај моите родители, каде ја родив мојата сега 22-годишна ќерка“, ја започна својата исповед.

Сепак, иако нивниот живот изгледал идиличен, таа набрзо дознала за ужасите што се случувале во последните 22 години.

„Целиот свет ми се сруши на новогодишната ноќ кога се вратив рано од патувањето со пријателите. Влегов во спалната соба за да ја најдам мајка ми како води љубов со мојот сопруг. Мајка ми врескаше по мене да излезам од „нивната“ спална соба, што уште повеќе ме потресе“, рече таа.

Потоа дознала дека нејзиниот сопруг имал афера со нејзината мајка уште пред да се венчаат.

Според зборовите на сопругот, нејзината мајка го „завела“ кога имале 18 години и живееле во нивната куќа. Оттогаш, тие имале незаштитен секс барем еднаш месечно.

Според временската рамка на аферата, таа шпекулирала дека нејзините браќа близнаци и најмалите браќа и сестри се потенцијално деца на нејзиниот сопруг.

„Ја направив математиката и бев ужасната бидејќи тоа значеше дека моите браќа близнаци и најмладиот брат може да му припаѓаат на мојот сопруг“, објасни таа.

Жената решила да му ја открие потресната вистина на својот татко, кој бил уништен од веста.

„Непотребно е да се каже, ја слушнавме мајка ми како вреска од куќата кога татко ми и се спротистави“, додава таа.

Сепак, жената не застана тука – драмата беше разоткриена на семеен собир во куќата на нејзината сестра.

„На забавата и реков на мојата 22-годишна ќерка да ги однесе сите деца во подрумот и да им пушти филм за да можам на сите да им кажам што точно прават мојот сопруг и мајка ми“, рече таа.

Но, додека некои од семејството беа на нејзина страна, не сите ја поддржаа нејзината одлука да излезе во јавноста со 22-годишната афера. Тројцата најмали браќа и сестри, како и целото семејство на сега веќе бившиот сопруг и неговата сестра, мислеле дека таа е ужасна личност бидејќи тоа го споделувала со сите.

Оттогаш, нејзината мајка ја изгубила работата поради скандалот и инсистира дека нејзината ќерка и го уништила угледот и животот. Но, не е само односот со нејзината мајка извалкан – има и планови за развод.

“Го презирам мојот поранешен сопруг затоа што беше во кревет со мене и мајка ми во исто време. Тој ги правеше децата на мајка ми додека јас мислев дека е слатко што бевме бремени во исто време. Ова ми ја уништи довербата во луѓето и верноста “, заврши таа, пишува The Sun.