ГИ НОСЕЛ НА ЕДЕН НАТПРЕВАР: Златните копачки на Бекам продадени за над 17.000 фунти

На нив се извезени имињата на неговите деца.
Златните копачки што ги носеше Дејвид Бекам во неговата 100-та репрезентација на Англија се продадени на аукција за 17.360 фунти. Корпачките биле едни од вкупно 1.000 продадени предмети во аукциската куќа на Греам Бад во Велингтонборо.

Бекам овие копачки ги носел на Европското првенство против француската репрезентација во 2008 година во Париз. На нив се извезени имињата на неговите три деца Бруклин, Ромео и Круз. Аукционерот Адам Гаскојн рече дека тие претходно биле изложени на Академијата Дејвид Бекам.

 – Кога академијата беше затворена, на некои од вработените им беше дозволено да ги преземат работите, па од таму доаѓаат – додаде Гаскојн.