Синот на Бајден: „Се обидуваат да ме убијат“

Хантер Бајден тврди дека републиканските критичари на неговиот татко „се обидуваат да ја уништат претседателската функција“ и, како што изјави, „се обидуваат да го убијат“.

„Она што тие се обидуваат да го направат е дека се обидуваат да ме убијат, знаејќи дека ќе биде поголема болка отколку што може да поднесе татко ми, и затоа ја уништуваат претседателската функција на тој начин“, му рекол синот на американскиот претседател Џозеф Бајден на музичарот Моби во подкаст емитуван во петокот, јавува Би-Би-Си.

Републиканците претходно го обвинија американскиот претседател и неговиот син за трговија со влијание, но Белата куќа ги отфрли тврдењата

Интервјуто на подкастот на Хантер беше објавено еден ден откако американското Министерство за правда поднесе нова кривична пријава против Хантер Бајден, обвинувајќи го дека не платил 1,4 милиони долари данок додека потрошил милиони долари на луксузен начин на живот, се вели во обвинението пред американскиот суд во Калифорнија .

Обвиненијата поднесени во четвртокот следат по обвинението на 14 септември против Хантер Бајден за лажење за употреба на дрога на формулар за купување огнено оружје.

Тој се изјасни за невин во тој случај.

Хантер Бајден, зависник од дрога, кој се опоравува, разговарал од својот дом во Малибу, Калифорнија со Моби, со кој се спријателил додека се опоравувал од злоупотреба на дрога и алкохол, јавува Би-Би-Си.