ГИ СЛЕДИТЕ ОБЈАВИТЕ НА ХАМАС – ОДИТЕ ВО ЗАТВОР! Израелскиот парламент, Кнесетот, усвои нов закон, со максимална казна од ЕДНА ГОДИНА зад решетки

Парламентот на израелскиот Кнесет синоќа го усвои амандманот со кој се криминализира гледањето на про-Хамас содржини, јавува турската агенција Anadolu.

Се дознава дека пратениците гласале за измена на законот за борба против тероризмот со што, меѓу другото, гледањето и користењето „терористичка содржина“ би станало кривично дело.

Овој закон им забранува на граѓаните „систематска и континуирана употреба на публикации на терористичка организација под околности што укажуваат на идентификација со терористичка организација“.

Кнесет

Амандманот ги означува палестинското движење Хамас и Исламската држава (ДАЕШ/ИСИС) како криминални терористички организации.

Максималната казна за тоа кривично дело е една година затвор.

Се вели дека законот е усвоен како привремена мерка за две години, но Кнесетот може да го продолжи на крајот од тој период.

Амандманот дојде откако Израел започна воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по нападот на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври.