РОБОТ ГИ СМАЧКАЛ ЛИЦЕТО И ГРАДИТЕ НА РАБОТНИК: Мислел дека е кутија пиперки, го грабнал и го фрлил на подвижна лента, работникот починал во болница

Робот во Јужна Кореја згмечил човек до смрт, затоа што го помешал со кутии со храна чиј пренос го управувал, јавуваат локалните медиуми, а пренесува Би-би-си.

Инцидентот се случил кога вработен во компанија за роботика, на возраст од околу 40 години, го проверувал функционирањето на роботот.

Помешајќи го човекот за кутија со зеленчук, роботската рака го зграпчи и го закачи на подвижната лента, згмечувајќи му го лицето и градите, објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

Несреќниот човек, кој работел за производителот на роботската рака, бил пренесен во болница, но подоцна починал.

Според Јонхап, роботот бил користен за кревање кутии со пиперки и нивно пренесување на палети.

Починатиот ја проверувал исправноста на сензорите на роботот пред да ја тестира машината во фабриката за сортирање пиперки, што било закажано за 8 ноември, соопшти полицијата, а пренесува Јонхап.

Тестот првично беше закажан за 6 ноември, но беше одложен за два дена поради проблеми со сензорот на роботот.

Работникот го направи тестирањето доцна во ноќта.

Во март годинава, маж од Јужна Кореја беше тешко повреден од робот во фабрика за автоделови.