Ги убил родителите, братот и сестрата: Мислел дека ќе го изедат! Ужас во Тексас, тинејџер мислел дека членовите на неговото семејство се канибали (фото/видео)

Цезар Олалде (18) од Тексас е обвинет дека ги убил родителите, сестрата и братот (5), бидејќи мислел дека се канибали и планираат да го изедат.

Тој е осомничен дека со огнено оружје пукал во членовите на неговото семејство, а потоа ги довлечкал нивните тела во бањата во нивниот дом во Неш, Тексас, пишува „Дејли мејл“.

Откако се затворил на имотот, полицајците морале да испратат преговарач за да го натераат да се предаде.

Злосторството го пријавил Џозеф Флајдер, колега на убиената сестра Лизбет, кој поминал кај нивната куќа да провери дали е сè во ред со неа, бидејќи не се појавила на работа.

Флајдер на полицијата и’ рекол дека кога тој и неговата сопруга отишле во домот на семејството Олалде, никој не се јавил на вратата, а на местото на настанот пристигнала уште еден член од семејството, Дијана, постарата сестра на Цезар.

Потоа решиле насилно да влезат во куќата, за да проверат дали е сè во ред. Таму ги затекнале Цезар како мавта со огнено оружје. Откако ја извел жената надвор од куќата, Флајдер тврди дека Цезар рекол дека го убил неговото семејство затоа што биле канибали и планирале да го изедат.

Филдер, кој практично стана сведок, изјави дека Цезар неколку пати му вперил огнено оружје, а потоа и нож.

Џозеф Флајдер успеал да избега пред Олалде да биде приведен откако полицајците пристигнале на местото на настанот и го опколиле домот.

Властите соопштија дека ја пронашле секоја од жртвите во бањата и секоја била застрелана.

Инспекторите рекоа дека се чини дека жртвите биле застрелани во други простории од домот, а потоа одвлечени во бањата. Полицијата опиша дека има траги од „прскање крв и повеќе чаури на подот“.