ГЛАВНИОТ ГРАД НА ГЕРМАНИЈА ПОД ОПСАДА !? На новогодишната ноќ улиците на Берлин ќе бидат преплавени со полиција

Полицијата во Берлин планира големо распоредување за новогодишната ноќ, по минатогодишните немири на улиците на главниот град на Германија и неодамнешните антиизраелски демонстрации.

Ова е најголемата полициска акција на новогодишната ноќ во последните неколку децении“, изјавила шефицата на берлинската полиција Барбара Словиќ, пренесува весникот Bild.

Како што наведе таа, на новогодишната ноќ ќе бидат распоредени помеѓу 2.000 и 2.500 берлински полицајци.

Во исто време, бројот на патролни возила ќе се зголеми од 150, што е вообичаено ноќе, на 220. Тоа се уште 1.000 полицајци во патролни возила и во полициски станици“, изјави таа.

Барбара Словиќ вели дека, дополнително, 500 федерални полицајци ќе бидат распоредени на железничките станици.

Таа посочи дека конфликтите на Блискиот Исток се сфаќаат емотивно и дека има голема потреба да се заштитат израелскиот народ и институции.

Претпоставуваме дека овие емоции ќе се доживеат и на улица“, вели таа.

Минатата година во одредени населби во Берлин и други поголеми германски градови, покрај вообичаениот огномет на улиците, беа фрлени и многу петарди, а забележани се и напади врз полицајци, пожарникари и болничари.