Шокантен потег на кумата на Цеца – На прославата на раѓањето на внукот, Вики Миљковиќ ги запрепасти сите: „Не чекам да ме поканат…“

Синот на Светлана Цеца Ражнатовиќ, Вељко Ражнатовиќ и Богдана Родиќ уште еднаш ја имаа улогата на родители, а по тој повод во семејната вила се одржа прослава.

Тие организираа гламурозната прослава, а на прославата покрај многу пријатели присуствуваше и кумата на Цеца, Вики Миљковиќ.

Вики дојде во друштво на својот сопруг Ташкет, а нејзиниот стајлинг особено го привлече вниманието на сите.

Кумата на Цеца на прославата дојде во мини здолниште и маичка.

Мини здолништето кое ги истакна нејзините витки нозе, пејачката го усогласи со јакна од истиот дезен, под која се гледаше црна тесна маичка која едвај и- ги покри градите.

Вниманието на многумина го привлекоа и гломазните чевли, со кои пејачката носеше чорапи со дезени на срценца и со тоа го комплетираше изгледот.

– Нека е живо и здраво и да даде Господ да им се раѓаат уште деца и сите заедно да дочекаме многу внуци и правнуци, а јас заедно со нив да прославувам – благослови Вики.

Вики била подготвена за забава, а открила кои хитови ќе ги пее на прославата.

– На Вељко му се допаѓаат сите мои песни, тој е многу весел тип – рече кумата Вики.