Во Судан не се почитува прекинот на огнот

 – Борбите во главниот град на Судан продолжија и по 18 часот, и покрај претходно договорениот 24-часовен прекин на огнот, јавија светските агенции.

Ова го потврдиле две лица кои се во Картум. Претходно денеска суданските паравоени сили потврдија дека го прифаќаат примирјето, по што суданската армија објави дека се согласила да ги прекине борбите.

– Примирјето ќе почне во 18 часот и ќе трае до 18 часот наредниот ден, со цел да се олеснат хуманитарните активности, под услов да го почитува и другата страна, се вели во соопштението на армијата.