Гласањето за уставните амандмани ќе биде ставено на дневен ред кога ќе се обезбеди мнозинството

– Во Собранието вчера заврши расправата за Предлогот за вклучување во измена на Уставот со кој се предвидува во Преамбулата да се вметнат Бугарите и уште пет етнички заедници, додека гласањето е одложено до се постигнува потребното двотретинско мнозинство. Владата со порака дека гласањето за уставни измени е глас за европската иднина на државата. Опозицијата, пак, која не учествуваше во расправата, незадоволна што не беше прифатено нивното барање веднаш да се гласа за предлогот, го повторија ставот дека нема да има уставни измени под диктат, туку мора да има предвремени парламентарни избори.