ГЛУТНИЦА КУЧИЊА СКИТНИЦИ УСМРТИЈА МАЛО ДЕТЕ (4 г.) – Момчето немало сила да се одбрани од бесните животни… (вознемирувачко видео)

На видеото кое се појави на Интернет и ја шокираше и згрози Индија, може да се види 4-годишно момче како се обидува да избега од глутница гладни кучиња скитници речиси една минута додека тие го напаѓаат.

Трагедијата се случила во градот Хајдерабад во месец февруари.

На видеото се гледа како момчето се обидува да побегне, а едно од кучињата го зграпчило и го соборило на земја.

Момчето, кое не е јавно идентификувано, е нападнато од неколку улични кучиња, грчејќи се од болка додека тие го напаѓаат. Тој се обидува да им излезе од стисокот, но неговото мало и кревко тело не може да се бори со животните.

Нападите ги забележал неговиот татко – но веќе било многу доцна. Константирана е смрт по пристигнувањето во болницата.

Видеото можете да го погледнете на овој линк, но бидете претпазливи бидејќи е многу вознемирувачко.

Бруталниот напад, фатен на безбедносната камера, ја згрози нацијата од 1,3 милијарди луѓе и го стави во центарот на вниманието на јавноста прашањето што да се прави со огромниот број кучиња скитници.

Прашањето е чувствително бидејќи во Индија постои вкоренета почит кон животните. Повеќето се согласуваат дека кучињата скитници се проблем, но постои жестока дебата за тоа како најдобро да се реагира.

Според Press Trust of India, во земјата има околу 62 милиони скитници, иако експертите велат дека вистинската бројка би било речиси невозможно да се утврди.