ДРАМА – ‘Летаат глави’ и откази поради неколку секунди бакнеж пред камерите: Драма на државната телевизија во Иран, следува голема истрага (видео)

Иранската државна телевизија во петокот им се извини на гледачите затоа што накратко прикажа пар како се бакнува за време на програмата еден ден претходно, објавија тамошните медиуми.

Телевизијата Nasim прикажа млад пар како се бакнуваат неколку секунди додека минуваат пред камерата поставена во еден парк. Сцената била дел од емисијата „скриена камера“.

Телевизијата се извини за „грешката“ произлезена од невнимателноста на продукцискиот тим, се вели во соопштението објавено од нив.

Во Иран, секој физички контакт помеѓу маж и жена е забранет за емитување на државната телевизија.

Оваа телевизија, кој исклучиво произведува забавни емисии, отвори истрага и „цврсто ќе одговори против одговорните за оваа небрежност“, се вели во нивното извинување до јавноста.