ДЕНЕС Е МНОГУ ВАЖЕН ДЕН ЗА ИДНИНАТА НА ЕВРОПА! Граѓаните во седум европски држави денес гласаат на избори: Се гласа во Бугарија, Црна Гора, Швајцарија, Италија, Франција, Финска и Андора

Граѓаните во седум европски земји денеска излегуваат на гласање, а избори се одржуваат во Бугарија, Црна Гора, Швајцарија, Италија, Финска, Андора и во четири француски изборни единици.

Во Финска се одржуваат парламентарни избори, чии резултати ќе ја одредат политичката иднина на премиерката Сана Марин.

Парламентарни избори во Финска и Бугарија.

Тековните анкети, спроведени од Europe E., покажуваат дека во Финска коалиција од пет партии, во која членува и Сана Марин, а која ја сочинуваат Социјалдемократската партија (СДП), Партијата на Центар, Зелените (Вихр), Левица (Вас) и либералната Шведска народна партија (СФП), најверојатно ќе го задржат мнозинството.

Сепак, постои можност партијата Кок (ЕПП група во Европскиот парламент) да се појави како најсилна партија, која би можела да ги замени социјалдемократите.

Од друга страна, партијата Вистински Финци (ПС), која е во сојуз со Националното движење на Марин Ле Пен и Лигата на Матео Салвини во Европскиот парламент, се очекува малку да ја подобри својата позиција во однос на изборите во 2019 година, што може да доведе до ПС да има најсилни перформанси во националниот парламент досега.

Во Бугарија се одржуваат петти предвремени избори за помалку од две години, исто така денес, а анкетите покажуваат дека сојузот „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“ им диши во врат на алијансата ГЕРБ-СДС, предводена од поранешниот премиер Бојко Борисов.

И двата сојузи имаат околу 26 отсто од гласовите на анкетите, но се уште не се знае кој ќе ја формира Влада, особено што не се знае дали некои помали партии ќе го поминат прагот од четири отсто.

Сепак, се вели, изборите веројатно нема да резултираат со некоја голема промена за Бугарија, која се бореше да формира трајна владина коалиција, што доведе до повеќекратни предвремени избори од април 2021 година.

Претседателски избори во Црна Гора

Гласачите во Црна Гора излегоа на гласање во вториот круг од претседателските избори. Во вториот круг се натпреваруваат актуелниот претседател Мило Ѓукановиќ (ДПС) и Јаков Милатовиќ (Движење „Европа сега“).

Делумни парламентарни избори во Франција

Французите одат на делумни парламентарни избори во четири изборни единици и во два круга ќе изберат четворица пратеници во собранието кое има 577 пратенички места. Во тие единици беше поништено гласањето на изборите во јуни минатата година.

Регионални избори во Италија

Во Италија ќе се одржат регионални избори во Фриули Венеција Џулија, кои ќе бидат тест за коалицијата на премиерката Џорџа Мелони, чија партија Браќа од Италија постигна историски резултат на последните локални избори.

Сепак, голем дел од поддршката на нејзината партија дојде од Лигата на Матео Салвини и Форс Италија на Силвио Берлускони.

Гласачите во Андора избираат нов национален парламент

Во Сан Марино на секои шест месеци се избира нов шеф на државата, односно според распоредот изборите ќе се одржуваат в недела. Сегашниот шеф е Алеандро Скарано, член на Самарската Христијанско-демократска партија.

Регионални парламенти

Во Швајцарија се избираат нови регионални парламенти во Женева, Луцерн и Тичино, а изборите се важен тест за партиите пред националните парламентарни избори подоцна оваа година.