„Говеда, излезете од кабинетот! Пригожин бесен поради нападот на Москва: Зошто по ѓаволите им дозволувате?!

Откако во вторникот Москва беше нападната со дронови, на социјалните мрежи се појавуваат гневни реакции на Русите.

Во нападот беа погодени неколку згради, а евидентирана е помала штета, па нема сериозни повредени, како што изјави градоначалникот на руската престолнина Сергеј Собјанин.

Водителот Владимир Соловјов, кажа дека колку побрзо луѓето во руските градови сфатат дека нивната земја се бори против НАТО, толку побрзо Русија ќе ја добие војната.

– Тоа мора да биде јасно. Момци, ова е сериозно – рече тој.

Тој повика и на „демонтирање“ на Киев, Одеса, Днипро, Лавов и Ивано-Франковск.

На социјалните мрежи се појави снимка од шефот на озлогласената платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин, кој со гнев го коментира нападот на Москва и повторно го напаѓа военото раководство, односно Министерството за одбрана.

– Смрдливи суштества, што правите? Вие сте добиток. Излезете од вашите кабинети. Ти си поставен да ја браниш оваа држава… Вие сте министерство за одбрана! Зошто, по ѓаволите, ги пуштате тие дронови да летаат во Москва? – рече Пригожин.

– Многупати предупредував за ова, но никој не сакаше да слуша – додаде тој.