– Според неофицијалните податоци на Комитетот за надзор на игрите на среќа во Невада, оваа година е поставен нов рекорд според уплати на обложување за „Супербол“, финалниот натпревар од плејофот во американската професионална рагби лига (НХЛ).
На различни типови обложување за финалето во кое Канзас по продолжение го совлада Сан Франциско (25-22) биле уплатени вкупно 185.6 милиони долари, што е за 5.8 милиони долари повеќе од досегашниот рекорд поставен пред две години за финалето меѓу Лос Анџелес и Синсинати.
За ланскиот Супербоул меѓу Канзас и Филаделфија во обложувалниците беа уплатени 153.2 милиони долари.
Причина за зголемениот број уплати за последното Супербол издание се должи и на тоа што оваа година финалето се одржа во Лас Вегас, центарот на обложувачката индустрија во САД.