За што служи синиот дел од гумата? Од детството сме во заблуда, а бришењето на ознаката од хемиско пенкало не е точен одговор

Дали знаевте дека синиот дел од гумата никогаш не бил наменет за бришење на трага од хемиско пенкало?

Дознајте за што всушност треба да се користи…

Речиси секој човек имал ваква гума за бришење барем еднаш во животот, живеејќи во верувањето дека синиот крај го претставува делот од гумата што ги брише трагите од хемиско пенкало.

Но, всушност, работата е малку поинаква. Секој што се обидел да избрише би ја искинал хартијата и би предизвикувал штета.

Синиот крај всушност бил наменет за бришење на траги кои биле испишани со молив на дебели и тешки хартии.

Мекиот крај, розев или портокалов, е направен за помеки хартии, кои синиот дел би ги искинал. Се користи и за прецизно бришење на светли траги на темни површини.

На класична хартија, отстранувањето на хемиските траги може да биде многу тешко и заморно. Синиот крај на гумата е многу груб дури и за подебел и погруб облик на хартија.

Повеќето од нас веруваа дека синиот дел се користи за бришење на напишаното со хемиско пенкало, а портокаловиот дел за бришење на напишаното со графитен молив, а после овој текст мислите дека конечно ја решивме мистеријата што нè следеше уште од детството.

Но, тогаш наидовме на нешто ново што уште повеќе нè збуни – зошто има зашилен дел на краевите на гумените и зошто има белата лента во средината?