ГОЛЕМАТА ЕКС ЈУ SВЕЗДА 5 МЕСЕЦИ КРИЕЛ ДЕКА Е ВДОВЕЦ: Сопругата се заразила на брод за крстарење и починала во Истанбул, а тој молчел само поради ОВА

Пејачот Душко Локин (80) ја загуби сопругата Анушка Локин во ноември 2022 година, но тој до сега молчеше за тоа.

„Сопругата почина на 15 ноември од корона. Таа отиде на крстарење со ќерката и внуката, се зарази во Истанбул и остана во болница. Таа беше здрава. Ова е вистинска трагедија, но мора да продолжиме понатаму. На семејството му оди добро, бидејќи со оглед на ситуацијата од ден на ден сум се подобар“, открил пејачот од Задар.

„Не ги поканив медиумите на погребот, тоа беше само за блиското семејство и пријателите“, објаснил пејачот.

Со сопругата Анушка ја има ќерката Натали, а еднаш ја откри тајната на нивниот долг брак кој траеше повеќе од 50 години.

Да живееш скромно и да бидеш цврсто на земја и да прифатиш се што е човечко, тоа е нормално. Мислам дека тоа е единствениот начин бидејќи кога ќе почнеш да замислуваш дека си некој и нешто, ќе завршиш“, изјави Душко последен пат за магазинот ИН .

На јавноста малку и е познато дека Душко, освен како успешен пејач, долги години успешно работел и како менаџер на естрадни ѕвезди во Канада, Австралија и Америка .