Голема победа за човекот кој се спротивстави на градежната мафија: Во неговиот град не се сруши ниту една зграда!
Градот има 42.000 жители и во катаклизмата по силните земјотреси во Турција немаше ниту една жртва и ниту една срушена зграда.
Во средина на турската покраина Хатај, која по земјотресот е претворена во безлични купишта шут, каде под урнатините има илјадници загинати, стои град, пишува “Слободна Далмација”.
Името му е Ерзин, има 42.000 жители и немаше ниту една жртва или урната зграда по застрашувачките земјотреси, од кои два беа со јачина од 7,8 и 7,6 степени според Рихтер.
Оштетени се само неколку семејни куќи и неколку минариња на џамиите. Никој не загина, никој не е посериозно повреден, објавија бројни медиуми како турски “Хуриет”.
А Ерзин се наоѓа во една од со земјотресите најтешко погодените провинции, размерно недалеку од епицентарот во блискиот Кахраманмараш.
Тајната на гадот кој, кој во еден од најстравотните помесувања на земјиштето во поновата историја, помина лесно е многу прозаична: неговиот градоначалник Океш Елмасоглу е долгогодишен и многу успешен непријател на секоја бесправна изградба.
Потресите со јачина од 7,8 и 7,6 според Рихтер предизвикаа катастрофални разорувања во дури 10 турски провинции. Во храдот Хатај, стотина километри од Ерзин, потресите во потполност уништија илјадници згради и ги претворија во куп рушевини, а тешко настрада и само 20 км оддалечениот стар град Османие, каде илјада луѓе загинаа под урнатините.
Во округот на градоначалникот Елмасоглу, Ерзин, не е евидентирана ни една човечка жртва, па ни потешки повреди од урнатини. Тој, по таквиот радосен биланс, најпрво изрази жалење поради смртта, повредените и губитоците во другите турски окрузи, а потоа трпеливо објасни како него и неговите сограѓани од злото не ги сочувале само среќата и драгиот Бог, туку и доста памет и почитувања на законите. Нагласувајќи дека од почетокот на својата јавна должност на ни еден начин не допушта бесправно градење, Океш Елмасоглу за турските медиуми раскажа дека многу сограѓани му се чуделе за тоа, го исмевале, а дури и му се заканувале.
– Кога се лутеа на мене како градоначалник, често ми велеа: “Зар нема ни еден друг пристоен човек освен тебе во оваа држава? Зошто упорно се држиш до прописите?”. Не поминаа ни три месеци откако бев избран на должност, а дојде еден роднина со молба да му помогнам затоа што му е напишана казна за бесправна градба. Кога му реков дека не можам да му помогнам, тој ме праша дали сум единствен чесен во Турција? – се сеќава градоначалникот.
Истакнувајќи дека неговата совест цело време била чиста, Елмасоглу му одолеал на секој порив, па и на политичкиот, да ликува по разорниот земјотрес, затоа штодури по него се покажа дека бил во право и дека неговата доследност спасила илјадници животи. Дуури и сам нагласува, дека бесправната градба не може до крај да биде анулирана, сѐ додека на ниво на цело општество не дојде до потребната промена на менталитетот.
“Ги имаше во Ерзин и такви кои покрај нашето делување сепак упорно се обидуваа бесправно да градат. Иако во почетокот не можевме да ги следиме затоа што немавме доволно вработени, подоцна веднаш ги пријавувавме во обвинителството и без мислот донесувавме одлуки за уривање. Потребно е нашите граѓани никогаш да не очекуваат никакви отстапки од државата за бесправна изградба за да не прибегнуваат кон такви иницијативи, а нужни се и одлучни чекори за уривање на таквите згради, кога и да е потребно”, апелира и понатаму на совеста на граѓаните и своите колеги градоначалникот на Ерзан, Океш Еламсоглу.