Голема прослава во домот на Снежана Ѓуришиќ: Се огласи и ќерката на пејачката, а ова е причината (фото)
Пејачката Снежана Ѓуришиќ денес има голема причина за славење.
Имено, таа денеска полни 64 години, а честитки стигнуваат од сите страни.
Најемотивната објава дојде од нејзината ќерка Маја која и’ го честиташе роденденот со заедничко видео како пеат во автомобилот.
– Среќен роденден мамо – напиша Маја во описот на видеото.
-Јас не сум некој кој ги прославува родендените но, моето семејство организира прослава па, мора да се слави – изјави Снежана.
– Секоја година дувам свеќа, децата носат. Замислете сега колку свеќи треба да дувам бидејќи полнам 64 години – искрена беше пејачката.