ГОЛЕМА ТАГА – Еве кога ќе бидат погребани првите четири жртви од масакарот во Белград кој го шокираше целиот регион и Европа
Утре во Белград, Србија ќе се одржат погреби за три од осумте деца и чуварот кои беа убиени во масакрот во основното училиште во центарот на главниот град.
Во Србија започна тридневна жалост поради трагедијата што се случи во средата наутро во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, кога ученикот Коста Кечмановиќ (13 г.) уби девет лица, од кои осум ученици, а рани седум – шест ученици и една наставничка по историја.
Според информациите на соседните медиуми, на белградските гробишта утре ќе бидат погребани учениците на К.Е., Д.А. и А.М., и чуварот во училиштето Драган Влаховиќ.