Голема трагедија се случи во Гвинеја , каде шест лица загинаа за време на прославата за победата на земјата над Гамбија од 1-0 на Африканскиот куп на нации.
Триумфот предизвика лудило кај луѓето, кои во петокот вечерта излегоа на улиците со автомобили и мотори во главниот град на Гвинеја, Конакри. Според извештајот на агенцијата Франс прес, многумина седеле на хаубата додека се тркале низ градот.
Фудбалскиот сојуз на Гвинеја ја потврди веста, заедно со голем број повреди. Три лица го загубија животот кога се судриле две возила кои се движеле со голема брзина.
Поранешниот фудбалер на Гвинеја, Паскал Феиндуно повика на смиреност во критичните моменти.
„ Бидете сигурни дека ќе направиме нешто на Купот на нации, но научивме нешто што ќе не дестабилизира. Научивме дека луѓе беа убиени по победата против Гамбија. Сакаме ова да престане, бидејќи ние сме тука да ги браниме боите на земјата .. Сè ни оди добро во овој момент, затоа поддржете ја земјата, но не правете ништо што ќе доведе до меѓусебно или самоуништување. Останете смирени. Ви благодариме .
И Фудбалскиот сојуз на Гвинеја и репрезентацијата побараа од навивачите да се воздржат од славењето.