ГОЛЕМА ТРАНСФОРМАЦИЈАТА НА ПОЗНАТАТА ШЕХЕРЕЗАДА: Да ја сретнете на улица сигурно нема да ја препознаете, таа се откажа од својот заштитен знак (ФОТО)

Ѕвездата на хит серијата „1001 ноќ“ , која беше многу популарна и во Македонија, Бергузар Корел , од самиот почеток ги воодушеви сите со својата природна убавина и густата кафена коса.

Сепак, Бергузар сега направи прилично драстична промена.

Таа ја скрати косата, а на социјалните мрежи веќе сподели неколку нови фотографии.

Бергузар веќе еднаш ја скрати косата, во 2022 година, а се чини дека промената и се допадна, па реши повторно да го направи истото.

Познатата актерка стекна голема популарност со улогата во „1001 ноќ“, а додека ја работеше таа улога го запозна својот сопруг Халит Ергенч кој го глумеше нејзиниот партнер во серијата, а љубов се случи и во приватниот живот.

Бергузар и Халит се во брак од 2009 година, ги имаат синовите Али и Хан и ќерката Лејла.

Кога се запознале во серијата, Бергузар имала 23 години, а Ергенч бил во брак со актерката Гизем Сојсалди, која била 14 години помлада.

Наскоро на снимањето се случи хемијата, а нивната љубов дополнително се зацврсти со заедничкото патување во Париз во 2008 година за серијата. Халит побарал развод од сопругата Гизем, која во тоа време била бремена, па таа решила да абортира . Халит на поранешната сопруга и платил 250.000 лири по разводот и се оженил со Корел во 2009 година, по завршувањето на снимањето на серијата. А Бергузар била зафатена кога го запознала Халит, па ја прекинала долгогодишната врска поради чувствата кон него.

Бурниот вовед беше само навестување на турбуленциите што требаше да ја следат нивната венчавка. Штом ја прифати насловната улога во серијата „Сулејман Величествениот“ во 2011 година, почнаа гласини дека ја изневерува сопругата. 

И покрај се тие се уште се заедно, а без разлика на приказните остануваат еден од омилените парови во светот.