ГОЛЕМИ РЕАКЦИИ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ -Доктор од тетовска болница снимал пациенти и ги постирал на социјалните мрежи
Избркан од работа анестезиологот кој на социјалната мрежа Тик Ток во живо снимал пациенти и доктори во тетовската болница. И министерот, и директорот на болницата се згрозени од случајот.
На видеото, докторот шета низ делот за киража во одделот за гинекологија, ги снима пациентите, зборува со персоналот и неконтролирано се смее.

Случајот го пријавил новинар од ТВ 21.
Веднаш по пријавата докторот беше приведен и е задржан на распит.
Осуда за инцидентот пристигна и од Лекарската Комора.
Инаку, видеото е отстрането од социјалната мрежа. ТикТок не ги зачувува видеата во живо, па сега единствен доказ е преснименото видео кое дополнително беше објавено на социјалните мрежи.