ГОЛЕМИ ТЕНЗИИ ВО КОСОВО – Албин Курти на мост во Приштина претставен како ‘Пинокио’: “Нема прошка за прифаќањето на ЗСО!“ (фото)

Активистите на косовската Социјалдемократска партија поставија транспарент на мост со ликот на премиерот Албин Курти, кој беше прикажан како лик од цртаниот филм „Пинокио“, со издолжен нос. Под карикатурата пишуваше „Против договори, против измама“, алудирајќи на ЗСО.

Пратеникот на таа партија Нољ Нуши кажа дека транспарентот е симболичен и го покажува патот на измамата во дијалогот со Србија. Тој смета дека договорот од Охрид пред два-три дена само потврдил дека Курти „се предал“.

Долгиот нос на премиерот Курти е симбол на неговиот долг пат на измама и неговите лаги во однос на дијалогот со Србија. Целата негова моќ додека беше во опозиција беше дијалог со Србија и противење на неа“, велат од косовската СПД.

Тој ги организираше најголемите протести против ЗСО, а она што се случува денеска е прифаќање на сите договори на кои се спротивстави и прифаќање на ЗСО“, додава пратеникот.

Нуши ги повика сите граѓани на Косово да учествуваат на масовниот антивладин протест организиран од СДП на 25. март на улиците на Приштина.

Ги повикуваме сите кои се против договорот и оние кои имаат дилема околу договорот, а се против Курти, заедно да застанат против ова арогантно однесување. Очекувам мнозинство“, додаде Нуши.