ГОЛЕМО ДЕРБИ – Група навивачи брутално си ги одмерија силите на бензинска пумпа среде бел ден – се појавија снимки од хулиганската пресметка во Англија (видео)

Иако строгите закони на многу начини ја променија фудбалската навивачка сцена во Англија, таа сепак е многу активна, особено кога станува збор за настани надвор од стадионот.

Меѓу оние кои се истакнаа по „акциите“ надвор од стадионот, дефинитивно има и приврзаници на Милвол, а нивното ривалство со навивачите на Вест Бром и е добро познато на јавноста во Англија.

Натпреварот одигран на теренот на Вест Бром во рамките на 39. коло од англиската втора лига односно Чемпионшип заврши со резултат 0:0, а по него група навивачи жестоко се судрија на бензинска пумпа.

На видеото кое ја згрози Англија, но и цела Европа, а на големо се прошири на социјалните мрежи, може да се види сурова пресметка на луѓе кои не бираат, а уште помалку да погледнете каде удираат ривал од противничкиот табор.

Година и пол пред овој настан, навивачите на истите клубови имаа уште пожесток судир пред стадионот на Вест Бром кога се појави страшна видео снимка на која се гледа како еден од навивачите лежи неподвижен на бетонот во несвест додека околу него продолжува општиот хаос.

Милвол е петти со 61 бод, а Вест Бром е деветти со пет бода и натпревар помалку во втората лига на Англија.