Големо засилување за ‘кралевите’: Џуд Белингем потпиша за Реал Мадрид – откриени финансиски детали од големата зделка

Џуд Белингем е новиот фудбалер на Реал Мадрид. Работата која долго време се најавуваше претходниот ден доби и официјална потврда. Неговиот трансфер од Борусија Дортмунд е вреден 103 милиони евра плус бонуси, а англискиот репрезентативец потпиша договор на шест години.

Џуд Белингем веќе подолго време е посочен како наследник на Лука Модриќ во Реал Мадрид, а сега ја финализира зделката. Така, Џуд Белингем стана новиот „галактико“. Англиските клубови Ливерпул и Манчестер Сити беа големи ривали на Реал Мадрид, пишува весникот As.

Се уште не е познато кој број ќе го носи Џуд Белингем на претставувањето во новиот клуб, бидејќи Винисиус ја зеде бројката на Еден Азар по заминувањето, додека Родриго го зеде бројот 11 по заминувањето на Марко Асенси.

Џуд Белингем има 19 години, а Реал Мадрид ќе биде третиот различен клуб во неговата кариера по Бирмингем Сити и Борусија Дортмунд, каде што помина три години.

За Англија тој има 24 настапи и досега има постигнато еден гол.