ГОЛЕМО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ВО МЕЛБУРН Алкараз си оди дома, Зверев победи и се пласираше во полуфиналето на Австралија опен
Александр Зверев попладнево го победи вториот светски рекет Карлос Алкараз во четвртфиналето на Австралија опен со 6:1, 6:3, 6:7 и 6:4.
Германецот по седми пат стигна до полуфинале на Грен слем турнир и тоа го направи по втор пат во Мелбурн.
По победата над Шпанецот Алкараз, билансот против топ 10 играчи во Грен слем за Зверев е 3:14, а вкупно воопшто на сите турнири 49:62.
Следна противник на Зверев ќе се биде Русинот Данил Медведев.
Во првото полуфинале на Австралија опен во машка конкуренција ќе се соочат, првиот носител Новак Ѓоковиќ (Србија) и италијанскиот тенисер Јаник Синер.