ГОЛЕМО ПОНИЖУВАЊЕ – Димитриј Медведев се закани дека Полска ќе исчезне од мапата наскоро на што доби брутален одговор: “Мешањето алкохол и дрога е опасно, но продолжете слободно!“

Во Полска со хумор реагираа на заканите на поранешниот претседател на Руската ФедерацијаДмитриј Медведев. Тие му порачаа и го советуваа да продолжи да меша алкохол со дрога.

Полската агенција за национална безбедност (Agencja Bezpieczenstva Narodovego) остави жесток коментар под објавата на Димитриј Медведев на социјалната мрежа Твитер.

Во него заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација напиша дека Полска е наводно осудена да исчезне од светската мапа.

Почитуван господине Медведев. Запомнете дека комбинирањето алкохол со дрога е многу опасно. Ве молиме продолжете така“, одговори полската служба на неговите закани.