ГОЛЕМ СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ НБА ЛИГАТА – Докажано: Овој тим намерно загубил за да намести натпревар! Обожавателите во шок: “Навистина не разочаравте…“

Најсилната кошаркарска лига во светот, НБА, денес го казни клубот Далас Маверикс со 750.000 долари бидејќи тимот на натпреварот против Чикаго Булс на 7. април играше без клучните играчи и покрај тоа што се уште имаа шанса да се пласираат во плеј-оф доигрувањето за шампионската титула.

Истрагата на одговорните лица од НБА, која траеше помалку од една недела, вели дека Далас ја прекршил политиката на лигата за одмор на играчи и имале желба да го загубат тој натпревар против Чикаго за да ги подобри своите шанси да го задржи својот избор од првата рунда на драфтот во НБА во 2023 година.

Одлуката на Далас да им забрани на клучните играчи од елиминацискиот натпревар минатиот петок против Чикаго го поткопа интегритетот на нашиот спорт. Дејствата на Далас ги разочараа нашите навивачи и нашата лига“, изјави извршниот потпретседател на НБА, Џо Думарс.

Со губењето на натпреварот во Чикаго, Далас ја задржа шансата да обезбеди топ 10 пик на НБА драфтот.

Лигата, исто така, утврди дека играчите вклучени во играта не играле за победа. Тренерот на Далас, Џејсон Кид, пред натпреварот изјавил дека одлуката ја донеле сопственикот на клубот Марк Кубан и генералниот директор Нико Харисон.