ГОЛЕМО РАЗОЧАРУВАЊЕ – Маскирани руски војници му испраќаат очајни пораки на Путин: “Владимир Владимирович, реши го ова!“ (видео)

Во слабо осветлена просторија, десетина мажи во руски воени униформи, со прекирени ликови, стоеја околу еден човек кој читаше писмо упатено до претседателот на Русија, Владимир Путин. 

До денес сè уште не сме добиле оружје и муниција“, кажува човекот, идентификувајќи ја својата група како војници од 580-та посебна артилериска дивизија од Серпухов, град на 100 километри јужно од Москва, чија единица сега е стационирана во Доњецк, источна Украина

Бараме нашите момци да се повлечат од овој напад бидејќи ја немаат потребната обука и искуство“, кажува мажот, а неговиот глас вештачки бил искривен за да го заштити својот идентитет и додал: „Почитуван Владимир Владимирович, ве молам решете ја оваа ситуација!“.

Апелот, кој се појави на руските профили на социјалната мрежа Телеграм овој месец, беше само еден од серијата нови видеа што се појавија од средината на февруари, во кои неодамнешните руски регрути се жалат дека биле испратени да се борат и да загинат на фронтот во Украина, користејќи термини како што се „криминални наредби“ и „бесмислени напади“. 

Еден руски медиум, пресметал дека за еден месец, регрути од најмалку 16 региони низ Русија се појавиле во видео-снимките кои повикуваат на интервенција на Владимир Путин. Во нив десетици регрути се жалат дека се принудени да упаднат на украинските позиции без доволно обука, муниција или оружје.

Регрутите се жалат дека им било дадено оружје и им било кажано да трчаат кон непријателските позиции и да пукаат. Во едно видео, снимено на 7. март, регрутите во единицата од Иркутск, град во Сибир, се жалат дека се „испратени на колење“, а ова е нивниот трет јавен апел до Владимир Путин. Една група регрути од Калининград, Мурманск и Архангелск, кои се претставија како „единица 41698“ на 5-та моторизирана бригада, објавија дека во нивниот прв напад загинале дури шест другари во само еден час.

Залудно умираат луѓе“, се вели во друго видео, наводно снимено од полкот „1453“ од Перм и регионот Свердловск на Урал на 11. март, каде се зборува за „неоправдани загуби“ и се вели дека четворица биле убиени и 18 ранети за време на неодамнешниот напад.

Видеата, исто така, го откриваат неуспехот на Москва да се справи со критичните и засрамувачки проблеми со снабдувањето, кои доведоа до вооружување на војниците со оружје и униформи од Втората светска војна. Некои од тие поплаки првпат беа покренати минатата есен, вклучително и кога се појави првичниот бран видеа, кои почнаа да се појавуваат набргу откако Русија започна делумна воена мобилизација.

Но, како што пишува The Washington Post, руските власти не одговориле на овие видео пораки, а засега нема знаци дека претседателот Владимир Путин ќе одговори на апелите. Во ноември, за време на договорениот состанок со група мајки на војници, Владимир Путин реагираше многу негативно на тогашните видеа: „Не треба целосно да му верувате на Интернетот бидејќи тој е полн со секакви лажни приказни, измами и лаги“, порача тогаш тој.