Силен земјотрес ја погоди Романија а почуствуван и во соседна Србија – еве ги деталите

Силен земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Романија, а го почувствувале и граѓаните на соседна Србија.

Земјотресот е регистриран во 15:02 часот по локално време, на длабочина од 15 километри.

Засега нема информации за материјална штета.

Епицентарот на земјотресот бил на 13 километри северозападно од Таргу Зију, кој и претходно бил центар на потреси.