Голем месечен пад на извозот на течен гас од Америка: Од декември до јануари, “крвотокот” на ЛНГ “се стопи” за 5 отсто, еве која е причината за тоа?
Извозот на американскиот течен природен гас (LNG) нагло опадна во јануари поради ниските температури и пречки во производството во Freeport LNG, покажаа податоците.
Американските производители во јануари произвеле 8,3 милиони метрички тони течен гас ЛНГ помалку отколку во декември, што е пад од околу 5 отсто.
Извозот во февруари треба да биде исто така со помали бројки бидејќи Freeport LNG очекува еден од неговите три капацитети во Quintana да биде надвор од функција околу еден месец поради проблеми со моторот предизвикани од екстремно ниските јануарски температури.
Европа беше и главен увозник на американски течен природен гас во јануари, увезувајќи околу 5,54 милиони метрички тони. Европското учество во тој “американскиот увоз” порасна на 67 отсто, покажуваат податоците на LSEG.
Вкупно, Азија увезла 17 отсто од произведениот течен гас во САД, т.е. 1,42 милиони тони.
Американскиот претседател Џо Бајден пред една недела го запре издавањето на дозволи за нови проекти за извоз на ЛНГ, а американското Министерство за енергетика објави дека ќе ги анализира нивните економски и еколошки влијанија. Одлуката за суспендирање на овие проекти сега чека одобрение од Конгресот на САД.